logo
logo
logo

Американски рапер го тужи затворскиот систем на САД- бара 100 милиони долари, откако бил избоден

Vecer | 18.04.2026

Американски рапер го тужи затворскиот систем на САД- бара 100 милиони долари, откако бил избоден

Ланез, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, го тужи системот и затворскиот персонал, тврдејќи дека никогаш не требало да биде сместен со опасниот затвореник кој го нападнал, објави АП.

Според тужбата, инцидентот се случил минатиот мај во затворот во округот Техачапи, каде затвореникот Сантино Кашо наводно го нападнал со импровизирано оружје, нанесувајќи му повеќе убодни рани во грбот, торзото, главата и лицето.

Ланез бил итно префрлен во болница со хеликоптер по нападот.

Затворските службеници велат дека напаѓачот веќе има долго криминално минато, вклучувајќи пресуди за убиство и претходни напади во затвор.

Во тужбата, исто така, се тврди дека затворските службеници не реагирале соодветно и не презеле дополнителни безбедносни мерки, и покрај наводниот ризик.

Раперот Ланез отслужуваше 10-годишна казна во истиот затвор за пукањето во раперката Меган Ти Сталион во инцидент од 2020 година, по судењето од 2022 година.

По нападот тој беше префрлен во друг затвор во Калифорнија, а во тужбата дополнително се тврди дека неговите ракописи и необјавени текстови на песни биле конфискувани.

Затворот соопшти дека не коментира за тековните судски постапки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk