logo
logo
logo

Алмодовар го освои „Златниот лав“ на фестивалот во Венеција

Vecer | 08.09.2024

Алмодовар го освои „Златниот лав“ на фестивалот во Венеција

Тоа е првиот филм на Алмодовар на англиски јазик кој се занимава со тешки теми за евтаназија и климатски промени.

Филмот доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа недела, еден од најдолгите во последно време, објави Ројтерс.

Алмодовар (74) ја доби наградата за животно дело во Венеција во 2019 година.

Втората награда - Сребрен лав - ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за драмата сместена на италијанските Алпи за време на Втората светска војна - „Вермило“.

Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Babygirl“.

Таа не присуствуваше на доделувањето откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.

Французинот Винсент Лендон е прогласен за најдобар актер за филмот „The Quiet Son“, која зборува за семејство кое беше уништено од екстремно десничарски радикализам.

Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за филмот „Бруталист“, чија тема е Унгарец преживеан од Холокаустот, кој се обидува да го обнови својот живот во САД.

Со венециското жири годинава претседаваше француската актерка Изабел Ипер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk