Актерот Кевин Костнер (68) и сопругата Кристин Баумгартнер (49) се разведуваат по 19 години брак. Наводно, дизајнерката поднела барање за развод од Костнер, пишува The Post.
Се случија околности надвор од негова контрола кои доведоа до тоа господинот Костнер да мора да учествува во случајот за развод - потврди портпаролот на актерот и побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на парот и нивните деца.
Инаку, Кевин и Кристин имаат заедно три деца: Кејден Вајат (15), Хејс Логан (14) и Грејс Ејвери (12). Кристин поднесе барање за заедничко старателство, објави ТМЗ.
Ова е втор брак на актерот, од 1978 до 1994 година беше со актерката Синди Силва (66), со која има и три
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата