- Гледам како се менува начинот на кој младите гледаат филмови. Тие ги гледаат филмовите додека истовремено зјапаат во своите телефони и „скролаат“. Нивното внимание е краткотрајно или целосно нарушено - изјави 55-годишниот актер за ДПА
Според Хоук, современото општество сè потешко ја поднесува тишината. Младите постојано трагаат по некаква возбуда, а мобилните телефони се добар начин за тоа. Но, и покрај ваквите промени, актерот продолжува со својата работа. Неговиот најнов филм „Сина месечина“ е музичка драма режирана од Ричард Линклејтер, во која ја толкува главната улога.
Преку неа Хоук го претставува ликот на американскиот автор на песни Лоренц Харт, познат по своите дела за Бродвеј, меѓу кои „Сина месечина“ и „Бунтовната дама“ .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата