Логин Кочишки е добитник на првата, инаугурациска награда за пионерски белег на музичката сцена, „TRAILBLAZER AWARD“ од IMMF – Меѓународниот Форум на Музички Менаџери!
Награда креирана како светско признание за тимот за артистите, за професионалците со различни нивоа на комерцијален успех, но кои секогаш демонстрираат посветеност, стратегија и вредност за музичарите.

Доделувањето на наградите се одржа денеска во Ријад, Саудиска Арабија за време на „Riyadh Music Week“. Огромна благодарност до IMMF и Jake Beaumont-Nesbitt за оваа чест, како и до нашиот драг пријател Иван Миливојев (YOUROPE, основач на Exit Festival) кој ја подигна наградата во име на Логин Кочишки
Убавата вест од Ријад пристигна утрово, кога тукушто се означи крај на Taksirat Festival 2024, па радоста надоврзана на неверојатната енергија од синоќа сега е двојно поголема за целиот тим во Password Production!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата