logo
logo
logo

ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ

Сенидах најавува ноќ на врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција

Vecer | 14.01.2026

Сенидах најавува ноќ на врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција

Точно еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот препознатлив уметнички потпис и емоција што не познава граници. Сенидах во Скопје ќе настапи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“.

Овој датум не е случаен, тоа ќе биде вечер посветена на блискоста, искрената емоција и врската што со години ја гради со македонската публика.

По големите регионални настапи и спектакуларни продукции регионалната музичка икона Сенидах во Скопје доаѓа со концерт што е замислен како интимна, но моќна средба, како момент кога барем за една ноќ ќе постојат само таа и публиката.

Секогаш чувствувам посебна енергија кога сум во Скопје и со нетрпение се подготвувам за оваа средба. Концертот ќе биде ноќ полна со емоции и силна музика. Едвај чекам повторно да се видиме, да пееме заедно и да ја споделиме таа енергија“, порачува Сенидах.

Токму таа емоција ја носи и нејзиниот најнов музички период. Со албумот „Сен и дах“, Сенидах уште подлабоко навлегува во личните теми, односите и чувството на припадност, а најновиот сингл „Ти и ја“ стана симбол на блискоста, довербата и моментите што се случуваат кога музиката ги брише сите дистанци.

Позната по својот уникатен спој на R&B, трап и балканска емоција, како и по сценски настап што секогаш носи силна визуелна и аудио порака, Сенидах со години ја дефинира современата регионална сцена. Нејзините соработки со Дино Мерлин, Џала Брат и Буба Корели, Цоби, Раф Камора, како и низата хит-синглови со милионски стримови, ја вбројуваат меѓу најавтентичните и највлијателни артисти денес.

Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје може да очекува врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција, од најтивките моменти до експлозивните рефрени што се пеат во еден глас. Ова нема да биде само концерт, туку заедничко доживување.

Влезниците се веќе достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk, и тоа по цени од 2000 денари за фан питот, 1200 за партерот, додека оние за трибините во зависност од местоположбата се движат од 1200 до 1800 денари. Влезниците во ВИП делот чинат 2500 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk