Според Дејли Мејл, пејачката одбила потенцијална плата од 200 милиони долари, што би можело да биде една од најголемите понуди во нејзината кариера.
Најголем профит би остварила во Кина, каде сакале да ја вработат за настапи во казино во Макао, а концертите би биле слични на нејзината серија изведби Weekends With Adele во Лас Вегас.
"Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да поминува време дома со своето дете. Понудата од Кина би ѝ донела милиони долари, но таа решила да не ја прифати. Приоритет ѝ е синот, нејзиниот партнер и нејзината сопствена благосостојба“, изјави извор за Дејли Меил.
Таа започна со концерти во Лас Вегас во ноември 2022 година, а последниот ќе го одржи на 23 ноември оваа година. Наводно за секое појавување заработувала по 500.000 фунти, а ќе бидат вкупно 100.
Да потсетиме, Адел неодамна откри дека се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу во ноември оваа година. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.
"Сакам голема пауза после сето ова и сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?" изјавила пејачката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата