logo
logo
logo

ВО САБОТА

Саша Ковачевиќ со ВИП концерт во Стоби

Vecer | 25.06.2025

Саша Ковачевиќ со ВИП концерт во Стоби

Винаријата Стоби со гордост го најавува ексклузивниот ВИП концерт на балканската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 22:00 часот.

Во уникатната атмосфера на винаријата, која станува синоним за летни културни настани од висок ранг, посетителите ќе имаат можност да уживаат во жива изведба на еден од најхаризматичните пејачи на балканската сцена. Саша Ковачевиќ е познат по својата емоционална интерпретација и бројните хитови кои ја обединуваат публиката од сите генерации.

Настанот претставува дел од континуираниот концепт на винаријата Стоби за поврзување на музиката, културата и виното, креирајќи незаборавни искуства за љубителите на добриот вкус и квалитетната забава.

Концертот на Ковачевиќ се смета за еден од најочекуваните музички настани во регионот ова лето. Бројот на места е ограничен, а атмосферата ветува вечер исполнета со емоции, одличен ритам и уживање под отворено небо. Резервации и дополнителни информации се достапни на следните телефонски броеви:078 221 427 и 077 701 222.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk