logo
logo
logo

ОД 4.000 ДО 1,5 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ ЗА САМО 48 ЧАСА Запознајте го Тим Пејн, новиот крал на интернетот!

Vecer | 29.05.2026

ОД 4.000 ДО 1,5 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ ЗА САМО 48 ЧАСА Запознајте го Тим Пејн, новиот крал на интернетот!

Додека најголемите ѕвезди на светскиот фудбал секојдневно го привлекуваат вниманието на милиони навивачи, еден речиси непознат репрезентативец на Нов Зеланд стана планетарен хит на целосно неверојатен начин.

Тим Пејн, 32-годишниот десен бек кој настапува за Велингтон, преку ноќ од тотален анонимец стана интернет сензација каква што фудбалот одамна нема видено.

Имено, овој репрезентативец на Нов Зеланд до пред само неколку дена на Инстаграм го следеа околу 4.000 луѓе. Меѓутоа, тогаш се случи нешто што никој не можеше да го предвиди – за само 48 часа бројот на неговите следбеници експлодираше на неверојатни 1,5 милиони!

Сè започна кога аргентинскиот инфлуенсер Ел Скарсо, кого го следат повеќе од половина милион луѓе, одлучи да го пронајде „најмалку познатиот фудбалер“ кој ќе игра на претстојното Светско првенство. Неговиот избор падна токму на Пејн.

Инфлуенсерот потоа ги повика своите следбеници да се вклучат во оваа необична акција и од новозеландскиот дефанзивец да направат светска ѕвезда.

„Мораме да почнеме да ја градиме легендата за Тим Пејн. Ако имате сликичка со неговиот лик, објавете ја. Ајде да видиме колку луѓе ќе знаат за него пред почетокот на Светското првенство“, порача Ел Скарсо.

Акцијата за само неколку часа стана вирална, а интернетот почна да се полни со фотографии, видеа и пораки за поддршка упатени до фудбалерот кој дотогаш речиси и да не беше познат надвор од Нов Зеланд. Навивачите дури му посветија и песна, а неговото име почна да се шири на социјалните мрежи со неверојатна брзина.

Кога сфати што се случува, Пејн не го криеше своето изненадување.

„Се прашував зошто социјалните мрежи одеднаш ми експлодираа, а потоа ја видов објавата. Ти благодарам за поддршката, брате“, порача репрезентативецот на Нов Зеланд.

Подоцна тој уште еднаш се огласи и призна дека претходните два дена биле целосно нереални.

„Последните 48 часа беа целосно луди. Благодарен сум што ја претставувам мојата земја и што добивам толку многу љубов од сите краишта на светот“, рече Пејн.

Кој е Тим Пејн?

Станува збор за 32-годишен десен бек кој настапува за Велингтон и кој досега има одиграно 52 натпревари за репрезентацијата на Нов Зеланд, со три постигнати голови.

Иако ја помина младинската школа на англиски Блекбурн, целата своја сениорска кариера ја помина во татковината.

Сега го делат само неколку дена од дебито на Светското првенство, но тој веќе го постигна она за што многумина можат само да сонуваат – за помалку од два дена стана една од најпрепознатливите фудбалски приказни на интернетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk