logo
logo
logo

Охрид повторно ќе пее со Сергеј Ќетковиќ

Vecer | 28.04.2026

Охрид повторно ќе пее со Сергеј Ќетковиќ

По минатогодишниот незаборавен концерт на истата сцена, Сергеј Ќетковиќ ова лето се враќа во Охрид, носејќи уште една вечер исполнета со емоции, музика и магична атмосфера. На 9 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, сцената на Антички театар во Охрид повторно ќе биде дом на најубавите балади под отворено небо.

Во организација на Евентум продукција, концертот е дел од актуелната турнеја Live Tour 2026, која ветува вечер исполнета со љубов, искрени емоции и безвременски хитови што публиката ги пее во еден глас. Песните како „Погледи у тами“, „Нису ми дали да те волим“, „Љубав“, „На први поглед“, „Кофер“ ќе одекнат во амбиентот кој одамна стана синоним за врвни музички доживувања.

Познат по својата искреност и непосредност, Сергеј Ќетковиќ е артист кој не се штеди на сцена бидејќи комуницира со публиката, раскажува анегдоти, знае да се симне меѓу фановите, па дури и да танцува со нив, создавајќи атмосфера на блискост што ретко се доживува на концерти.

Минатогодишниот настап остави силен впечаток кај публиката, а очекувањата за ова лето се уште поголеми – уште повеќе емоции, уште посилна енергија и вечер која долго ќе се памети.

Влезниците се веќе во продажба по цена од 1000 денари, и тоа преку мрежата на https://e-ticket.mk/.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од една од најубавите музички приказни ова лето што ќе се случат под ѕвезденото небо во Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk