logo
logo
logo

(ВИДЕО) БОРБА ЗА ОПСТАНОК ВО ДИВИНАТА НА АЛЈАСКА, објавен трејлерот за „Срцето на ѕверот“

Vecer | 15.06.2026

(ВИДЕО) БОРБА ЗА ОПСТАНОК ВО ДИВИНАТА НА АЛЈАСКА, објавен трејлерот за „Срцето на ѕверот“

Објавен е првиот трејлер за новиот трилер „Срцето на ѕверот“ (англ. „Heart of the Beast“), во кој главната улога ја толкува Бред Пит. Филмот носи напната приказна за преживување во суровата дивина на Алјаска, каде што човекот и неговото верно куче се соочуваат со низа опасности во борба за живот.

Пит го игра Џејмс Белмонт, поранешен припадник на специјалните единици на американската војска, кој мора да најде начин да се врати во цивилизацијата откако неговиот мал авион ќе се урне длабоко во дивината на Алјаска. Со него е Один, пензионирано службено куче кое му помага да преживее.

Соочен со екстремни временски услови, непристапен терен и постојана закана од диви ѕверови, Белмонт започнува очајна борба за опстанок, минувајќи низ планини и надојдени реки во обид да најде спас.

- Не е важна големината на кучето во борбата, туку големината на борбата во кучето, вели ликот на Пит во трејлерот.

Покрај Бред Пит, во филмот настапуваат и оскаровецот Џ. К. Симонс и Ана Ламб. Пит е и еден од продуцентите на проектот, заедно со Оливија Хамилтон и Марти Боуен, додека режијата ја потпишува Дејвид Ајер.

„Срцето на ѕверот“ повторно ги обединува Пит и Ајер за првпат по воената драма „Бес“ од 2014 година, а филмот веќе привлекува внимание како едно од најочекуваните остварувања во наредниот период, пишува „Variety“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk