Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум.
Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува:
„Со жалење објавуваме дека почина актерот Алексис Ортега. Упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите во овој тежок момент.“
Причината за неговата смрт сè уште не е позната, пренесуваат медиумите.
Ортега во последната објава на Инстаграм од ноември минатата година позираше со своето куче во домот во Мексико Сити ‒ фотографија која сега е особено трогателна за фановите.
Покрај синхронизацијата, Ортега имаше и улоги пред камера во серии како „Luis Miguel: The Series“, „Thursday’s Widows“, „El Candidato“ и „The House of Flowers“, а во последните години беше активен и на социјалните мрежи, работејќи и на синхронизација на содржини за популарни YouTube канали.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата