Популарниот пејач Тоше Проевски животот го загуби во трагична несреќа 16. октомври 2007 година кога имал само 26 години.
Неговата менаџерка Лилјана Петровиќ после тоа се повлекла од јавноста и се посветила во одгледување на лаванда, а во ретки интервјуа истакнувала дека смрта на Тоше никако неможе да ја преболи, поради тоа одбегнувала да зборува.

Во “Jutrо” на Прва телевизија снимен е прилог за нејзината плантажа, таа се вклучила во емисијата, а потоа следело прашање кое Лилјана не го очекувала.
- Вие бевте менаџерка на Тоше Проевски, дали ова беше на некој начин да најдете мир? – прашал водителот.
- Не го очекував ова прашање – рекла таа и застанала за момент.
- Никогаш неможеш да најдеш мир. Можеш да научиш да се носиш со тоа – додала Петровиќ во емисијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата