Синовите на Бритни Спирс, Шон Престон и Џејден Џејмс, одиграа голема улога во поттикнувањето на пејачката да се пријави во установа за лекување по нејзиното неодамнешно апсење поради возење под дејство на алкохол и дрога.
„Таа беше многу вознемирена и потресена по апсењето. Ужасната е од можноста да оди во затвор. Беа потребни недели за да сфати дека заминувањето на рехабилитација е најдобрата опција“, вели извор ексклузивно за магазинот „Пипл“ (People).
„Тимот на Бритни Спирс уште од апсењето инсистираше на лекување. Луѓето околу неа навистина се грижат и постојано се обидуваат да ја поддржат, но тоа знае да биде тешко. Постои голема загриженост по инцидентот“, додава изворот.
Истиот извор наведува дека нејзините синови, кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, покажале огромна поддршка.
„Нејзините синови имаа голема улога во нејзината одлука да замине на рехабилитација. Беа многу директни со неа. Само сакаат таа да биде здрава“, вели изворот.
За потсетување, во неделата, на 12 април, претставник на пејачката потврди за „Пипл“ дека таа самата се пријавила во установа за лекување. Овој потег следува откако беше уапсена на 4 март во Вентура, Калифорнија, под сомнение дека вози под дејство на алкохол и недозволени супстанции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата