logo
logo
logo

АРИЈАНА ГРАНДЕ И ИТАН СЛЕЈТЕР РАСКИНАЛЕ, крај на тригодишната љубовна врска

Vecer | 09.06.2026

АРИЈАНА ГРАНДЕ И ИТАН СЛЕЈТЕР РАСКИНАЛЕ, крај на тригодишната љубовна врска

Пејачката Аријана Гранде и актерот Итан Слејтер раскинале по три години врска. Според извори, двојката се разделила пред неколку месеци, но информацијата дури сега се појавила во јавност.

– Аријана и Итан раскинаа пред неколку месеци, но од тогаш останаа пријатели и немаат ништо освен почит и восхит еден кон друг. Ова не е одлука што ја донесоа лесно, но сфатија дека се подобри како пријатели отколку во сериозна врска – изјавил извор за „Пејџ сикс“

Изворот додал дека Гранде во моментов е среќна и целосно фокусирана на својата турнеја „Етернал сајншајн“ („Eternal Sunshine“) и подготовките за објавата на албумот „Цветно ливче“ („Petal“). Исто така е нагласено дека албумот кој е најавен за 30 јуни, не е инспириран од раскинувањето со Слејтер, за разлика од некои претходни музички изданија на пејачката, кои биле поврзувани со нејзините поранешни врски.

Гранде и Слејтер се запознале на снимањето на филмот „Wicked“, во период кога и двајцата биле во брак. Во тоа време, Гранде била во брак со агентот за недвижности Далтон Гомез, додека Слејтер бил во брак со Лили Џеј, со која има син.

– Моето семејство е само колатерална штета – изјавила Џеј, изразувајќи незадоволство по распадот на бракот.

Сепак, извори блиски со парот тврдат дека Гранде и Слејтер не направиле ништо лошо. Според нивните тврдења, Лили Џеј со право била вознемирена поради распадот на бракот, но дека Гранде не е причина за тоа. Според нив, нивниот брак завршил претходно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk