Се чини дека Шакира ужива во последните мигови на летото, а дека странските медиумски фотографи „не ѝ даваат мир“. Неодамна беше фотографирана на плажа во Мексико, „впивајќи“ ги утринските зраци на сонцето, а нејзиниот природен изглед привлече внимание.
Фотографиите се раширија како пожар на интернет, а благодарение на вредните папараци, имавме можност да ја видиме вистинската верзија на огнената Колумбијка – без филтри, шминка и апликации за убавина.
Како што можете да видите, пејачката се опушташе на плажа, а за таа пригода носеше необичен аутфит – металик розов аутфит со реси. Како што рековме, Шакира се препушти на утринските зраци, и не носеше ни трошка шминка.
Овој нејзин потег предизвика вистинска контроверзност меѓу корисниците на интернет. Додека некои ја фалат нејзината природна убавина и енергија, други ги истакнуваат нејзините „маани“.
„Ова е нејзиното тело без филтер“, „Госпоѓа Шакира е на плажа, нејзините години веќе се гледаат“, „Без филтер, но сепак е убава. Природна Шакира > Инстаграм Шакира“, „Старее, но сепак е кралица“, „Дали има целулит? Па што, таа е жена, а не кукла“, се само дел од коментарите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата