По повеќе од две децении естрадна пауза се врати фолк пејачката Соња Тарчуловска. Вчера таа промовираше две песни, од кои „Црвено“ е нова, а другата, големиот хит „Во бело“ по цели 25 години доживеа ремикс. И двете песни се промовирани со спотови.
- По толку голема пауза се вратив таму каде што припаѓам, во музиката. Што поради настаните кои веќе ви се познати, што порди мајчинството, требаше да се изрснат три деца, еве ме назад во музиката, мојата најголема љубов. Му благодарам на семеејството за поддршката, бидејќи да не беа тие не знам дали ќе направев ваков чекор, рече Соња.
За големиот хит „Во бело“, кој и ја обележа кариерата, рече дека направила ремикс на барање на помладата публика.
- Постојано ми велеа дека оваа песна треба да ја приближам до младите, најгласна беше ќерка ми Мелани, која ми рече дека многу ја барале на настапи. И така се случи „Во бело“ да продолжи да живее во еден поинаков, урбан стил, рече таа.
Соња за во иднина најави и неколку изненадувања, но, како што рече, се уште е рано да се зборува за тоа.
-Ќе има, но сега ми е најважно овие песни да прдолжт да живеат, рече Соња.
Видеото за „Црвено“ го изработи „Томато продукција“, додека за ремикс-верзијата на песната „Во бело“ миксот, мастерингот и аранжманот ги потпишува Andrejnik.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата