Непријатната ситуација се случила во центарот на Белград, недалеку од храмот Свети Сава, каде Вељко Ражнатовиќ и неговиот пријател случајно се сретнале со познатиот водител.
Според водителот, Вељко Ражнатовиќ не се заканувал, туку едноставно објаснил зошто не дозволува никому да зборува лошо за неговата мајка.
– Вељко ми даде некои комплименти, мислев дека ми е некој обожавател. Не ги следам доволно медиумите и естрадата за да го препознаам по неговиот изглед. Прво ми даде комплименти за емисиите, рече дека му се допаѓаат, а јас му се заблагодарив... Потоа ме праша зошто ја прозивам неговата мајка. Во тој момент не сфатив дека зборува за Цеца. Почнав да се извинувам и да му кажувам дека никогаш нема да навредам ничија мајка. Вељко Ражнатовиќ ми одговори: „Мојата мајка е српска мајка, симбол на српскиот народ“, а јас тогаш сфатив дека зборува за Цеца. Ми рече да ги снимам емисиите, но никој не може да ја прозива неговата мајка и повеќе да не ја спомнувам.
За потсетување, Вељко Ражнатовиќ живее во Тител со сопругата Богдана и синовите Жељко, Крстан и Исаија, во куќата што ја добил како мираз по венчавката. Тој оди во Белград само за да ја види мајка си и да ги заврши своите обврски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата