logo
logo
logo

БИБЕР ПРОГОВОРИ ЗА СВОИТЕ ТЕМНИ МИСЛИ: „Го обвинував Бога, се губам себеси“

Vecer | 10.05.2025

БИБЕР ПРОГОВОРИ ЗА СВОИТЕ ТЕМНИ МИСЛИ: „Го обвинував Бога, се губам себеси“

Меѓу фановите на Џастин Бибер сè уште постои загриженост во врска со неговите објави и фотографии на социјалните мрежи и во медиумите.

Бибер сега објави порака што предизвика нова лавина од гласини и загрижености.

„Јас сум само просечно, несмасно човечко суштество. Направив работи што ги повредија оние околу мене и продолжувам да правам и кажувам работи што ненамерно им штетат на другите. Но, утрово се разбудив со уште една можност да продолжам напред и да не бидам толку себичен“, напиша тој.

„Колку сум поискрен, толку сум послободен“

Тој започна уште еден пост во сличен стил, велејќи дека мисли оти ќе биде „разоткриен“ ако им открие на другите колку е себичен.

„Ако го признаам тоа, другите можеби нема да ме сакаат и можеби нема да ми веруваат. Мислев дека ако бидам искрен за себичните работи што ги чувствувам, ќе бидам дисквалификуван од моите соништа за припадност. Но, колку сум поискрен – толку сум послободен“, заклучи Бибер.

Тој вчера на Инстаграм објави и фотографија од птица, со опис:

„Вистината е дека се будам секое утро. Некои денови сум оптимист, некои денови се будам песимист. Не можам да контролирам како ќе се чувствувам и дури потсвесно го обвинувам Бога за лошото чувство со кое се будам, наместо да разговарам со него и да го молам да ми помогне да ја сменам мојата перспектива.“

Во последно време навистина го молам Бога да ми помогне да го видам најдоброто кај луѓето, дури и откако ме искористиле на начинот на кој ме искористиле. Повторно, полесно е да се покажува со прст отколку да се презема одговорност. Полесно е да се каже: „О, тие се алчни“, отколку да се доведе во прашање алчноста во сопственото срце. Само Бог може да ја отстрани алчноста и себичноста од нашите срца.

Повеќе труд нема да помогне. Затоа што се обидов – хаха“, напиша тој.

Да потсетиме, неодамна се појавија тврдења дека пријателите на пејачот се загрижени за неговото „неконтролирано трошење“.

„Тој испраќа приватни авиони за пријателите за да ги донесат на неговиот роденден, фалејќи се со тоа на Инстаграм. Потрошил 300.000 долари на Коачела. Не работел долго време“, рекол извор близок до пејачот, тврдејќи дека Бибер троши повеќе пари отколку што тој всушност има.

Хејли се појави без него на Мет Гала

На овогодинешната Мет Гала, Џастин не ѝ се придружи на сопругата Хејли, која сама прошета по црвениот тепих. Наместо тоа, Бибер ја помина вечерта дома гледајќи хокеарски натпревар, што дополнително ги разгоре гласините за нивните наводни брачни проблеми. Потоа пејачката се огласи на Инстаграм и, меѓу другото, рече дека „љубовта не е награда“.

На почетокот на март, Бибер објави фотографии на кои се гледа како пуши од нешто што личеше на бонг додека седи на електричен велосипед, а подоцна изјави дека има „проблеми со гневот“ и дека не се сака себеси кога чувствува дека станува „неавтентичен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk