logo
logo
logo

Девојките од „Црнокрак“ ТРИУМФИРАА во Бугарија

Vecer | 14.04.2026

Девојките од „Црнокрак“ ТРИУМФИРАА во Бугарија

Неодамна во Банско, Бугарија се одржа финалето на изборот за Мис и модел на галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички. Тие направија фантастичен успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија.

14-годишнина Нина Црнокрак и 17-годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15-годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис. Финалето на изборот се одржа во Националниот театар во Банско. 

Нашите девојки се претставија во фустани специјално изработени за нив за изборот од Наташа ал апарел, Ателје Жана, Елена Лука и Ателје Ленче. Фустанот на Елена Лука кој го носеше нашата убавица Лина Настевска победи во конкуренција на вечерни тоалети.

Трите девојки се членки на модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Изборот се одржа во организација на "INTERSOUND", најстарата модна агенција во Бугарија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk