logo
logo
logo

СÈ СЕ ПЛАЌА, А СÈ НИ Е ДАДЕНО ОД ПРИРОДАТА! Познатиот актер со поразителни зборови за родната Будва

Vecer | 22.06.2026

СÈ СЕ ПЛАЌА, А СÈ НИ Е ДАДЕНО ОД ПРИРОДАТА! Познатиот актер со поразителни зборови за родната Будва

Црногорскиот актер Лазар Николиќ ја отвори душата и без влакна на јазикот проговори за солените цени во Будва, но се допре и до тешкиот период од своето созревање. Потсетувајќи се на своето детство, актерот Лазар Николиќ истакна дека Будва некогаш имала сосем поинаков дух, со преубави природни простори и јавни плажи кои биле достапни апсолутно за сите. Сепак, ситуацијата драстично се променила.

„И тогаш некако ја губиш целата таа магија, остануваат некои слики, пријатели кои и ден-денес се тука, спомени и сè, но еден факт што за мене е болен е тоа што во Будва немам влезено во вода некои десет години. Не можам да се помирам со фактот дека на плажите каде што научив да одам и да пливам, сега морам да плаќам некои лежалки по 50 евра, да имам забрана за влез на некоја плажа додека не платам нешто, да морам да платам паркинг, да морам да платам за сè. Тоа ми е некако баш грозно, сè се плаќа, а сè ни е дадено (од природата). Тој факт е навистина поразителен“, изјави тој.

Потресни детали од приватниот живот: „Се прашував што ќе кажат во училиште“

Покрај приказната за приморјето, актерот се допре и до најинтимните детали од својот приватен живот и проговори за разводот на неговите родители во период кога тоа било табу-тема во помала средина.

„Имав седум години. Тогаш беше некое поинакво време, сега луѓето се разведуваат по шест месеци или две години и денес тоа е како 'добар ден' да му кажеш на некого, а тогаш беше поинаку, уште повеќе во мала средина. Родителите беа од ков на луѓе со стари сфаќања, па си велеа што ќе каже средината, што ќе кажат дома, особено кај мајка ми, иако таа веќе беше во години, но така се гледаше на тоа. Така што, во почетокот не ми беше лесно, се прашував што ќе кажат во училиште? Тоа брзо се дознава, но ќе пораснеш, па гледаш дека и тоа е нормално и дека животот оди понатаму. Ете, така што всушност не ни знам како го поминав тој дел. Останав да живеам со мајка ми. Татко ми живееше во Будва, бевме во ист град, се гледавме секој ден, одевме заедно на село, беше обострано што се однесува до љубовта и сè што ми беше потребно за живот“, искрено раскажа Лазар, кој во една прилика зборуваше и за соработката со Жарко Лаушевиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk