Сите ѝ се восхитувавме на легендарната Џоан Колинс кога во неприкосновено, елегантно и гламурозно издание пред еден месец се појави на Филмскиот фестивал во Кан и нè потсети на магиите на стариот Холивуд, ниту во еден момент не оставајќи впечаток дека има 93 години.
Минатиот месец го прослави тој славен 93-ти роденден за кој многу се зборува, а по Кан стана вистинска сензација и жена вредна за восхит. Во прилог на тоа, таа откри уште неколку тајни за грациозното стареење и младоликиот изглед. И понатаму работи и толкува главни улоги, а нејзиниот најнов филм „Мојата војвотка“ наскоро ќе ја здогледа светлината на денот.
„Едноставно, го сакам животот“, е нејзината порака која веднаш ја изустува – и сè е јасно.
„Се будам секое утро и дишам воздух, се обидувам добро да се наспијам, пијам многу вода и се грижам за себе“, изјави Колинс за „Индипендент“. Кога ќе ѝ понема мотивација, како што вели, се свртува кон гледање стари филмови, а најмногу ги сака оние од осумдесеттите и деведесеттите, со Џек Николсон и Сара Џесика Паркер.
Иако има 93 години, актерката и понатаму оди во теретана и тренира во согласност со своите години и можности.
„Неколку пати неделно тренирам со мојот тренер. Само основни вежби, од типот на пилатес“, откри таа за „Телеграф“. Иако во нејзините години повеќето практикуваат лесно пешачење, Џоан признава дека тоа за неа е „досаден спорт“.
„Досадно ми е. Одам низ станот и се грижам за цвеќињата, но тоа е горе-долу сè“, признава таа. Освен што води сметка за здравјето и изгледот, за нејзината младоликост на прво место е заслужна генетиката.
„Татко ми живееше 87 години, а за некој што е роден во 1903 година, тоа е прилично неверојатно. Мајка ми толку многу се грижеше за мене и за сестра ми. Додека растевме, ни даваше секакви додатоци во исхраната, во време кога никој не ги земаше“, раскажа Џоан Колинс.
Покрај сето ова, таа е среќна и на љубовен план, што е уште една работа која ја придвижува и прави да блеска. Со 32 години помладиот Перси Гибсон е во брак од 2002 година, а често истакнува колку тој ѝ значи. Најпрво биле одлични пријатели и уживале во дружењето и времето што го поминувале заедно, а дури по една година преминале на следното ниво. Сè одело постепено и сфатиле дека всушност се на иста бранова должина, а Џоан во една прилика изјави дека Перси е поинаков од сите други мажи со кои била.
Меѓу нив има 32 години разлика, но Џоан порачува дека годините се „само бројка“.
„Животот е дар. И толку многу луѓе го залудно го трошат. Тоа е толку тажно. Тој е дар, а не трае долго“, порача таа за „Фокс њуз диџитал“ пред три години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата