Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ се повредени во тешка сообраќајна несреќа ноќеска околу еден часот по полноќ, а неговата крв и урина се земени на анализа по наредба на обвинителот на Третото основно обвинителство во Белград.
Познатиот естраден уметник се удрил во автобусот „Икарбус“, во кој за среќа немало патници, само возачот Р.М. (65).
Неофицијално, Лазиќ бил зад воланот на „мерцедес“ во сопственост на лизинг компанија. Неговата сопруга Катарина била на совозачкото седиште.
„Дарко Лазиќ се движел од правец на Газела кон Шид и биле во средната лента. Во еден момент, Лазиќ преминал во десната сообраќајна лента (т.н. ексклузивна лента) во правец на Младинската бригада и во таа прилика удрил во задниот дел од автобусот со предниот лев дел од возилото. Зад воланот на автобусот „Икарбус“ бил Р. М. (65) кој за среќа не бил повреден и исто така преминувал во десната ексклузивна лента. Лазиќ бил со сопругата и се удрил во насипот. Пожарникарите ги извлекле. Тие биле свесни цело време“, вели истиот извор.
По повод оваа несреќа, бил известен обвинителот на Третиот ОЈТ, кој наредил да се пријави возилото и да се земе крв од возачот за анализа.
На Лазиќ му биле констатирани полесни телесни повреди на ВМА, додека Катарина била пренесена во КБЦ „Земун“.
И мерцедесот и автобусот биле пренесени на сообраќајно-технички преглед.
Истрагата во овој случај ја води Третата ОЈТ во Белград.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата