logo
logo
logo

Вечерва е ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ на 70. издание на ЕВРОВИЗИЈА

Vecer | 16.05.2026

Вечерва е ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ на 70. издание на ЕВРОВИЗИЈА

Сценските светла во Виена се подготвени за големото финале на 70-годишниот јубилеј на Евровизија, каде по двете полуфинални вечери, за победничкиот трофеј ќе се борат 25 финалисти.

Водењето на шоуто е во рацете на Викторија Сваровски и Мајкл Островски, а гласањето, кое се одвива онлајн на www.esc.vote (со максимум 10 гласови од корисник), започнува пред првиот настап и ќе заврши 40 минути по последната песна.

Според обложувалниците, најголеми шанси за победа има финското дуо на виолинистката Линда Лампениус и пејачот Пит Парконен со рок-класичниот хит „Liekinheitin“. По нив следуваат Грција (Акилас), Данска (Серен Торпегор Лунд) и Австралија (Делта Гудрем), која важи за миленичка на стручното жири.

Особено внимание привлече редоследот на настапите. Аналитичарите сметаат дека организаторите суптилно ја фаворизираат Финска, доделувајќи им ја позицијата број 17 — истиот реден број од кој пред точно 20 години победи финскиот бенд „Лорди“. Финците настапуваат веднаш по енергичната Молдавија, што дополнително им оди во прилог, додека некои од помалите фаворити се сместени на самиот почеток за да бидат „заборавени“ од публиката.

Јубилејната вечер ќе ја отвори минатогодишниот победник Џеј-Џеј, а за време на гласањето, сцената ќе биде резервирана за евровизиските икони: Верка Сердучка, Александар Рибак, Руслана, „Лорди“ и Хелена Папаризу.

Непосредно пред прогласувањето на новиот шампион, познатиот австриски диџеј Паров Стелар и поранешниот евровизиски претставник Цезар Сампсон ќе изведат визуелно-музички перформанс во чест на домаќинот Виена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk