logo
logo
logo

Бојана Скендеровски закажа концерт и порача: Подгответе се за музичка приказна за душата!

Vecer | 23.06.2025

Бојана Скендеровски закажа концерт и порача: Подгответе се за музичка приказна за душата!

Со голема радост и неизмерна возбуда Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт кој ќе се одржи на 13 декември во магичниот амбиент на Македонската филхармонија.

Овој концерт ќе биде повеќе од музичко случување – патување низ времето и емоциите, една нежна љубовна приказна во која Бојана ќе ги претстави најубавите песни од својата досегашна кариера.

Концертот е своевиден заокружувачки момент на една убава и инспиративна музичка приказна, кога на сцената ќе оживеат и ќе се испреплетат најдлабоките чувства, сеќавања и мигови кои ја обликувале уметничка патека на Бојана – песните кои раскажуваат за среќата и болката, за љубовта и предизвиците, за миговите што ја обликуваа нејзината уметничка душа. Од првата нота на „Дилема“, преку длабоките чувства во „Лажни светови“ и „Зборови лажни“, па сè до топлината на „Среќа и несреќа“ и нежноста на актуелната „Дома“ – секоја песна е дел од нејзината приказна, раскажана со чистина и искреност што допира до срцето.

Во прекрасниот амбиент на Филхармонија, публиката ќе ужива во можноста да доживее интензивен емоционален свет, исполнет со мелодии што ја допираат душата и зборови што остануваат во срцето. Со својот чист и искрен глас, Бојана ќе ги раскаже приказните што ги носи во себе – приказни за љубов, надеж, предизвици и исполнување.

Овој концерт ќе биде повеќе од музичка вечер – тоа е славење на патот што Бојана го минала како уметник, подарок за сите оние кои ја следеле и поддржувале, но и ветување за нови почетоци и нови за нови музички хоризонти што допрва ќе ги открие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk