logo
logo
logo

БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ го закажа својот ПРВ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ „БЕСМРТНА“

Vecer | 06.10.2025

БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ го закажа својот ПРВ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ „БЕСМРТНА“

По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.

Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито. 

Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста. А публиката ќе ужива во ретроспективата на 23 години на сцената, во вечер исполнета со љубов, спомени и нови почетоци, и, секако, емотивен репертоар кој ги спојува минатото и сегашноста...

Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции, вели Бојана.

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com, по цени од 800 и 1000 денари во зависност од местоположбата.

Не заборавајте - 13 декември, Филхармонија. Обезбедете си место за  оваа незаборавна вечер исполнета со музика која е БЕСМРТНА! 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk