Драги мои, јуни е и мој месец, а тоа значи време е за нова песна. „Ти биди СВОЈ“ е музичко парче од мојата душа кое мотивациски е продолжение на „Верувам во себе“, вели MIYATTA и открива дека среќна сум што песната е целосно отсвирено во живо во студиото Подрумот во Скопје.
- За вокалите, музика, текст и дел од аранжманот бев секако задолжена јас. Виолината ја отсвире Гоце Вангеловски. На пијаното е Бојан Димитровски. Гитари отсвиреа Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски, а бас гитарата и тапаните се на Иво Митковски. За да зазвучи кантри секако моравме да најдеме и бенџо, кое го отсвире Рики Миер од Калифорнија што донесе автентичност и симболизам дека звукот и музиката не познаваат граници. Аудио инженер и аранжер е Ангел Ќосев со кого веќе неколку пати соработувам, додава MIYATTA и открива дека за видеото избрала две локации во Македонија каде се чуствувала енергетски позитивно и силно, а тоа се Пробиштип и Кучково. Самата е режисер на видеото, додека директор на фотографија е Сашо Доковски, а монтажата е на Горан Цветковиќ.

- Сакам да се заблагодарам на балетското студио Магија од Пробиштип и самиот град Пробиштип кој несебично ме прегрна и ја прифати мојата идеја за овој видео запис. Карпата на Кучково пак, во општина Ѓорче Петров, која е исто таке е локација во овој спот, е енергетско светилиште и кој не бил, топло препорачувам да ја посети. Самото видео сакав да ја пренесе енергијата што значи за мене кога јас сум СВОЈА, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и моите сограѓани да го пронајдат тоа чуство секој за себе. Се надевам дека „Ти биди СВОЈ“ ќе биде успешно прифатена од македонската публика, вели MIYATTA.
Уживајте во „Ти биди СВОЈ“:
фото: Валентина Попова
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата