Меган Маркл откри дека нејзините деца, Арчи и Лилибет, продаваат домашно одгледано овошје и зеленчук од градината на нивната луксузна вила во Монтесито на локален пазар.
„Сакам да ја разберат вредноста на парите и работите“, рече војвотката од Сасекс.
Во подкастот „Аспир со Ема Греде“, Меган истакна дека градинарството е одличен начин децата да научат трпение и да развијат ценење на храната.
„Децата имаат привилегија да растат во богата средина, но за мене е важно да разберат дека сè има своја цена и вредност, вклучувајќи ги манирите и грижата за животната средина“, рече таа.
Ја исмејуваат заради „премногу чист“ зеленчук
Неодамна објави фотографија од свежо набрано овошје и зеленчук од нејзината градина на TikTok, но некои следбеници ја исмејуваа, коментирајќи дека производите се „премногу чисти“ и немаат ни трошка почва.
Во истиот подкаст, таа зборуваше и за родителството, како и за рамнотежата помеѓу работата и семејниот живот. Таа откри дека самата ги подготвува оброците за децата, понекогаш вклучувајќи и јадливи цвеќиња од нејзиниот бренд.
„Кога децата си легнуваат околу седум часот навечер, јас си ставам чаша вино и им подготвувам ручек за следниот ден. Звучи необично, но за мене е како терапија“, призна таа.
Своите први претприемачки чекори ги направила со ластичиња за коса
Во разговорот, таа исто така се присети како како мало девојче продавала ластичиња за коса за еден долар, што го смета за свој прв чекор во претприемништвото. Денес, вели таа, нејзините деца стекнуваат чувство за вредности на сличен начин - продавајќи зеленчук на пазар.
Таа исто така додаде дека е поласкана од споредбите со Марта Стјуарт и Гвинет Палтроу и дека го користи својот медиумски простор за да ја покаже „автентичната, радосна и реалистична“ страна од нејзиниот живот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата