logo
logo
logo

НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА за Јелена Жугиќ на ИФАД „Стоби“

Vecer | 18.02.2026

НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА за Јелена Жугиќ на ИФАД „Стоби“

Нашата актерка Јелена Жугиќ уште еднаш потврди зошто важи за едно од најголемите актерски имиња на македонската сцена. Таа заслужено ја доби наградата за најдобра женска улога за својата извонредна изведба во претставата Ифигенија за ништо во продукција на Драмски театар Скопје.

Признанието ѝ беше врачено во рамките на Интернационален фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025, фестивал кој традиционално ги слави највисоките уметнички дострели во интерпретацијата на античката драма.

Со силна емоција, прецизна актерска дисциплина и современ сценски израз, Жугиќ ѝ даде нов живот на класичната тема, освојувајќи ја и стручната жири-комисија и публиката. Нејзината интерпретација во „Ифигенија за ништо“ беше оценета како моќна, храбра и длабоко човечка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk