Младиот Ромео Бекам ја заврши врската со Ким Тернбул и сега е повторно сингл, што ги израдува многу девојки.
Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, и со тоа, бројни други гласини исто така се појавија во центарот на вниманието.
Некое време, поточно, по прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулираше дека односите во семејството не се баш најдобри, а се вели дека работите се затегнати меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат сè во тајност.
Во тој период, Ромео одлучи да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.

За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности кои присуствуваа на овогодинешниот турнир.
Се пишуваше и дека Ким била причината зошто семејните односи биле напнати, но извор близок до двојката откри дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во ред.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата