logo
logo
logo

TEA ТАИРОВИЌ И НЕЈЗИНИОТ ИДЕН СОПРУГ: Фатени додека избиралe бурми за кои потрошиле цело богатство

Vecer | 18.04.2025

TEA ТАИРОВИЌ И НЕЈЗИНИОТ ИДЕН СОПРУГ: Фатени додека избиралe бурми за кои потрошиле цело богатство

Теа Таировиќ се мажи за партнерот и соработник Иван, пишуваат домашните медиуми со денови. Пејачката не се изјаснила на оваа тема, но сега на социјалните мрежи се појави видео од идниот пар како избира бурми во златарница.

Без шминка, но во скапа бунда, пејачката разговарала со продавачката и внимателно избрала детаљ кој ќе и ја краси раката до крајот на животот. Додека таа избираше, нејзиниот иден сопруг беше цело време покрај неа и уживаше во овој посебен момент.

И двајцата пробале прстени, а на крајот, се вели, се одлучиле за прстени за кои потрошиле цело богатство.

Очигледно овој момент се случил пред Теа да замине за Дубаи, бидејќи дотогаш таа веќе го носела свршеничкиот прстен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk