За гужвата околу преставниците во “Сексот и градот“ Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и екс шеф на дипломатијата, утринава детално одржа бесплатен час што предвидуваат законските норми кои владата ги прекршува, по реакциите во јавноста и дипломати од кариера во МНР за одлуката на затворена седница на владата за назначување диплотаски преставници, .
На затворена седница менаџирана од Бујар Османи, Владата одлучила 28 годишната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да ја испрати за конзул во Њујорк, место за кое законот предвидува да биде „афирмирана личност во надворешната политика“.
Ејупи не е единствениот контроверзен владин избор за генерален конзул. Во март 2021 година такво беше именувањето и на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, инаку син на алберт Муслиу за кој Здружението на оштетени штедачи обелодени дека заедно со брат му, должат 780.000 евра на Еуростандард.
Македонската дипломатија до сега била претставувана и од директор на пошта, сопственичка на старски дом, психијатар, нижеше скандали како возење на амбасадор во пијана состојба во спротивна насока на автопат, љубовни скандали кои завршуваа полициска интервенција, како и тепачки.
Статусот на Антонио Милошоски ви го пренесуваме во целост:
Дали Њујорк стана дипломатски џубокс?!
Доколку МНР Османи предложил, а владата донела одлука за Генерален конзул на Македонија во Њујорк да ја именува ТВ-презентерката Бесмира Ејупи, тогаш одлуката е спротивна на Законот за надворешни работи.
Имено, во чл.49 од Законот, прво е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР.
По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.
Бесмира Ејупи можеби е амбициозна, но не ги исполнува законските услови за Генерален конзул, бидејќи ниту е дипломат со високо звање во МНР, ниту сме забележале дека е афирмирана личност во надворешната политика.
Истото важи и за лицето Петрит Муслиу, на кого му ја исполниле желбата да биде Генерален конзул во Чикаго.
И оваа владина одлука е незаконита, бидејќи и Петрит Муслиу не е дипломат со високо звање во МНР, ниту е афирмирана личност во надворешните односи.
Тоа што неговиот шура Каевски е пратеник од СДСМ, или што неговиот татко е провладин аналитичар на ТВ дебати, не може да биде основ за релативизирање на законските услови.
За овие незаконити одлуки за генерални конзули може да се поврзе и спорната номинација на Проф. Фрчкоски за амбасадор во ООН во Њујорк, кого официјален Вашингтон со сериозни забелешки го одби за амбасадор во Америка.
Сума сумарум, испаѓа дека Њујорк станал дипломатски џубокс каде желбите на владините миленици се побитни од десетиците професионалци во МНР кои со години ја градат кариерата, а не добиваат фер шанса за ангажман, пишува Милошоски на ФБ;.
Владата на затворена седница пред еден ден одлучи, по предлог на Министерството за надворешни работи, во Њујорк да биде пратена за македонски генерален конзул Бесмира Ејупи, позната во јавноста како ТВ-презентерка.
Неодамна е донесена уште една одлука за Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку синот на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.
Овие одлуки на владата предизвикаа низа сериозни реакции во јавноста.
Исто како што САД ја одбија номинацијата на Љубомир Фрчкоски да замине во САД како амбасадор на Македонија. Се спори и предлогот да биде конзул.
Аделина Марку кариерен дипломат во МНР за една владина одлука (ДЕТАЛИ)
Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе се изјасни за новите конзули.
Владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на вчерашната прес-конференција не одговорија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД.
- На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Арсовски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата