Стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград, познат како “Маракана“ е голем 110 х 73 метри, што е еднакво на 8.030 м2. За Овие околу 8 илјади метри квадратни, владата на Србија издвои 650.000 евра.
Значи, платиле најскапа хибридна трева која расте во три брзини, полека, среден раст и брз раст, односно послале тревни теписи кои чинат 81 евро за метар квадратен.
И таа акција за обнова на сите стадиони во земјата ја спроведуваат.
Само за компарација, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, плати 560.000 евра за тревната коцка на плоштад Македонија и 700.000 евра за тревниот кров на Мавровка. Плус ГТЦ зеленот кров, не влегува во оваа математика.
Дека половина милион евра ќе чини уредување на плочникот Шилегов кажа и при почетокот на градежните работи на 30 септември 2019.
„Вкупната инвестиција е 33 милиони денари со вклучен ДДВ, односно 104 евра за метар квадратен“, рече тогаш Шилегов. (А тогаш уште немавме ниту корона криза, ниту инфлација, што значи дека ги билдал цените до плафон)
Целиот тој дел од плоштадот, е на површина од околу 1.800 метри квадратни, пишува провладиниот “Независен“
Да направиме проста математика:
560.000 евра за трева за 1.800 метри квадратни = 311,11 евра за м2.
Тоа значи дека Шилегов лажел дека ќе чини 104 евра за метар квадратен.
Одиме на Мавровка
Шилегов плати 700.000 евра за зелен кров на зграда.
Терасата која никогаш не ја озелени според неговите плакати, има 4.000 м2.
Тоа значи дека за метар квадратен платил 175 евра за трева, која никогаш не ја видовме.
Одиме на Арена Тоше Проески
Националниот стадион има површина за задење трева од 105 x 68 метри = 7.140 м2.
По цената за српска Маракана (81 евро за м2) ќе чинеше 578.350 евра.
А таа на Маракана, е најскапата и стандард за стадиони, секаде во свет.
https://vecer.mk/sport/imobile-terenot-vo-skopje-e-poln-dupki-teshko-kje-se-igra/
Заклучок: Колку квадрати и стотици илјади евра материјал работа има за одделението за организиран криминал при ОЈО има во набавките на Петре Шилегов?
П.С. Колку плаќате трева за во двор во земјоделска аптека или во Хубо маркет? 5-10 за нормален раст, до 15 евра за среден и до 20 евра за брз раст?
Колку кеширал Петре Шилегов само од трева?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата