logo
logo
logo

Вечер Анализа

Руската вакцина длабоко ја подели Европа, идентитетот на ЕУ е во прашање

Vecer | 07.03.2021

Руската вакцина длабоко ја подели Европа, идентитетот на ЕУ е во прашање

Принципот на секој клуб е дека поединците имаат нешто да добијат од тој клуб, одредена придобивка за која се подготвени да бидат членови, дури и ако тоа членство е платено и / или бара одредени помали и поголеми откажувања.

Еден од најголемите претсижни клубови во светот денес е Европската унија во која учествуваат 27 земји-членки.

Причината за пристапување во клубот е јасна - пристапот до заедничкиот пазар ќе значи економска корист за секоја од членовите. Но, со текот на времето, клубот стана повеќе од неговата првична идеја. Денес, ЕУ е наднационален блок кој сè повеќе ја презема функцијата на држава, федерација, ветувајќи дека ќе се грижи подобро за европскиот народ отколку што би можеле да сторат одделни земји ако тие бидат оставени „сами на себе“.

Но, постои проблем - сè што е прокламирано во теорија, мора да се потврди во пракса. Инаку, „клубот“ може многу брзо да го изгуби своето значење, и покрај неговите добри намери.

Силата најдобро се демонстрира во време на криза, без разлика дали зборуваме на лично ниво, национално, па дури и наднационално. Големината на субјектот не е важна, кризата поминува низ сè вертикално и тестира сè.

Европската унија сега е во многу незавидна позиција бидејќи не само што се соочува со неколку кризи одеднаш, туку е присутна и подолго време, а сега и конкретизирана, во криза на доверба. Само еден член на ЕУ го напушти клубот досега, Велика Британија, но тој веќе ја подрива мантрата дека државите во ЕУ се компаративно секогаш подобри кога се внатре во клубот отколку надвор од него.

Сето ова се случува во исто време и би можеле да кажеме дека сега е најлошо време ЕУ, односно нејзиното раководство, да се покаже слабо и несоодветно пред нејзините членки. И токму тоа се случува поради сегашната криза и скандали околу набавката на вакцините.

Кој е првиот и индикативен показател дека еден клуб поминува низ егзистенцијална криза? Оној кога членовите ќе започнат да прават нешто „самостојно“ и надвор од раководството. Токму тоа и се случува на Европската унија - и тоа на крајно ироничен начин.

Во контекст на оваа пандемија, Европската унија може да се „покаже“, може да им даде на своите членки големо чувство на безбедност, но една година откако ЕУ успеа да формира финансиски „спасувачки пакет“ не  ја запре пандемијата , и секој нареден ден значи дека вкупната вредност на овој пакет станува сè помала. Ефектот е далеку под очекувањата, а парите се потрошени далеку над планот.

Кога зборуваме за ширење на коронавирусот, борбата против загрозување на националните здравствени системи, земјите-членки на ЕУ се најдоа во позиција да мораат со кризата да „управуваат сами“, што е лошо за угледот, постоењето и авторитетот на ЕУ, многу лошо.

Пред една година се знаеше дека борбата поротив Ковид 19 ќе биде многу груба. Беше јасно и во пракса кога во Кина започнаа „киднапирањата“ на товарни авиони со заштитни маски и респиратори. Оние кои ги нарачале не ги добија на време, а силните и моќни им ги грабаа пред нос и плаќаа далеку поскапо.

Дури и тогаш, Европската унија мораше да предвиди што ќе се случи кога еден ден ќе дојде процесот на вакцинација, единствениот (релативно) безбеден начин да се запре епидемијата. Клубот на ЕУ саака себе да се претставува како моќна, организирана заедница со големо значење во светот но, дали се докажаа во борбата против пандемијата дека се такви?

Дури и ако претпоставиме дека лидерите на ЕУ се големи легалисти (што е многу релативно), сепак е тешко да се поверува дека тие можеле да бидат  толку лесно измамени како сега, во време на пандемијата, и кога гледавме грабање за респиратори лани, но и сега кога платените вакцини не им ги испорачуваат. До толку наивни, за да не знаат како да се однесуваат во вакви ситуации, сигурно не се.

Правдањето со зборовите „ние ги нарачавме вакцините и сега бараме да бидат испорачани според договореното“ звучи смешно, наивно и спротивно на моќни професионалци од светски формат. Тоа не ја врши работата, и не ги задоволува потребите на граѓаните кои плаќаат данок за нивната работа. А, од друга страна, е сосема типично за ЕУ бирократијата која не сака да гледа подалеку од канцеларијата на бирократот кој “си ја завршил работата со потпишување на нарачката“, се понатаму не е негова работа.

Но, гледаме примери како во САД или Велика Британија дека тие, нивните бирократи и политичари, си ја завршуваат работата на време и ефикасно. Имаат вакцини, делуваат и ги задоволуваат потребите на своите граѓани. Сфаќајќи дека вакцините не доаѓааат како што замислиле во Брисел, Европската унија мораше итно да најде решение - затоа што барањето е недоложно. Вакцини мора да има, без оглед на цената и условите.

Што може да стори ЕУ? Повеќе работи, но пред сè, да провери и дознае дали вакцините, во соодветни дози, ќе пристигнат што е можно побрзо.

Ова значи паралелен притисок врз западните фармацевтски компании кои го прекршиле договорот за испорака на вакцини кон ЕУ, но и итно купување на тестирани и квалитетни вакцини од „истокот“ - пред се вакцини од Русија и Кина. А руската вакцина Спутник V се покажа како најперспективна од тие опции, помина детална верификација, ја потврдуваат и резултатите од еминентното научно списание Лансет кои се одлични.

Но, ЕУ не само што не се труди да набави вакцини веднаш и за сите, туку од Брисел им се закани на своите членки да не користат вакцини кои не се одобрени од ЕУ. Патем, решението за набавка на руски или кинески вакцини им го забранува, а друго решпение - не им нуди. И тоа додека пандемијата не запира, а иљадници луѓе починуваат секој ден од Ковид 19.

Првично, само Унгарија нарача руска вакцина, што е некако во согласност со нивниот веќе добро познат бунт против Брисел, но кога „водата стигна до грло“  за набавка на руска вакцина се решија и во Хрватска, Чешка и Словачка. Најави за иста одлука има од други држави на ЕУ, и тоа барем додека не почне редовна испорака на вакцини од “Планот А“, од Модерна, Астра Зенека, Фајзер...

Во исто време, Австрија преговара со Русија за вакцини и дополнително објави дека, заедно со Данска, се откажува од програмата на ЕУ за набавка на вакцините. Во соработка со Израел ќе започнат создавање на втора генерација вакцини со истражување на лекови за третман на лица заболени од корона вирусот.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека на Австрија и требаат околу 30 милиони дози и дека соработката со Израел (која спроведува една од најефикасните кампањи за вакцинација во светот) ќе работи на создавање вакцина која ќе биде отпорна на нови мутации на вирусот.

Во секој случај, бројот на земји кои почнуваат да бараат решение надвор од програмата на ЕУ се зголемува од ден на ден. Хрватска најави нарачка на руска вакцина Спутник В. Веројатно нема да запре тука. Дали и соседна Словенија ќе го стори истото?

Во моментов, Словенците тврдат дека нема да купуваат руски вакцини. Главниот словенечки епидемиолог, Бојана Беовиќ, рече дека е скептична во однос на руската вакцина затоа што руските производители „не вклучија меѓународни организации“ во процесот. Беовиќ тврди дека е тешко да се замисли пристигнувањето на вакцината Спутник В во Словенија затоа што на регулаторната агенција таму ќе и требаат „околу 60.000 страници документација за истражување“ за да утврди како е произведена и развиена вакцината.

Сепак, словенечкиот наратив е скоро идентичен со оној што го имаше Чешка, а сега Прага се обидува да ја добие руската вакцина на најитен можен начин. Во Хрватска, некои експерти исто така тврдеа дека Спутник В нема да се набавува, но очигледно дека ситуацијата се менува со бранот новозаболени и под притисок од сопствената јавност, загрижена за заштита на животите на населението.

Она на што сме сведоци е забрзаниот процес на „независност“ на одделни земји-членки на ЕУ сега кога ситуацијата стана сериозна. Се напуштаат плановите на Брисел, и се бара сопствено решение секој за себе.

Поранешниот германски министер за одбрана, сегашен шеф на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен веќе не е во можност да го сочува заедништвото на членовите на ЕУ околу пандемијата, што е сериозен удар  врз авторитетот на Брисел. Нејзиниот портпарол, Стефан де Кирсмакер, тврди дека тоа не е така

- "Не е точно дека нашата стратегија пропаѓа. Итното одобрување на вакцините против Ковид 19 од страна на одделни членови е само поризичен пристап од пристапот на ЕУ. Тие се уверени дека вакцините “од истокот“ се ефикасни и безбедни. Она што го прават земјите-членки, го прават на сопствен ризик “.

Поранешниот заканувачки тон од Брисел кој инсистираше на наредба - „не смеете“ сега се претвори во „може, но вие сте одговорни за последиците“. Што се однесува до „ефикасноста и безбедноста“, кој може да каже дека европската стручна институција ЕМА е строго научно-објективна институција што не е погодена од геополитичкиот вирус?

Не е тајна дека руската вакцина, заради руското потекло, е проблем за раководството на ЕУ, токму во овој момент кога повторно сакаат да се зближат со САД, и во време на најавени нови санкции кон Русија.

Среде Европа се случува „дисперзија“ и ова ќе има големи последици за Европската унија како блок, клуб, заедница или како што сакаме да ја наречеме. Јасно е што сака да биде ЕУ, но овој предизвик покажува дека ЕУ нема е моќна да стане тоа што сака да биде.

Членките на ЕУ имаат примарно право и обврска да се грижат за интересите на своите граѓани, особено кога централата во Брисел не покажува способност да ги спроведе своите обврски кон членките, и своите договори со фармацевтските компании од кои нарачале вакцини.

Тоа е прашање кое не може да се одложи, а бирократијата во Брисел со децении одложувањето го користи како модел за секое решение и развлекување на проблемите во недоглед, освен кога е во прашање нивниот бирократски статус, тогаш знаат да бидат брзи и конкретни.

Пандемијата и вакцините покажаа дека ЕУ е се уште далеку од организиран клуб, далеку од ефикасност и стручност која во ситуацијава ја покажуваат некои земји членки на ЕУ. Дека е се повеќе финансиски терет и ограничување за членките, а кога ќе се се случи криза како со пандемијата клубот се однесува како да постои сам за себе, за интерес на сопствената бирократија, а не за интерес на джавите члнеки на ЕУ.

Vecer.mk / via 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk