Над 100 портали во Македонија објавуваат дневни информативно политички информации како главен фокус на своите објави но, малкумина од нив значат влијание и извор на сериозни и проверени информации во јавноста. За да се стекне доверба и навика на читаност на информативен портал од страна на публиката потребно е време, искуство, стручност и многу работа.
Над 80% од граѓаните информациите првично ги добиваат преку информативните портали во текот на денот, преку компјутер или телефон, а помал дел и преку таблет. Побрзо, подетално и поедноставно отколку да ги чекаат и подоцна да ги добијат преку телевизиските информативни емисии.
Освен информативните портали, информациите лесно и брзо можат да ги добијат и преку агрегаторите на вести како водечките Тајм, Вести.мк или Грид.мк.
За јавноста е исклучително важно да има прецизен увид во рејтингот на информативните портали кои секојдневно ги читаат граѓаните во Македонија. Од рејтингот јасно се гледа кој информативен портал привлекува интерес и добива доверба за објавените вести и информации.
Во светот постојат само неколку референтни глобални системи за следење на читаност на сајтовите кои се релевантни за големите компании, маркетинг агенции, за читателите од развиениот економски и дигитален свет. За најрепрезентативни јавно достапни и компаративни системи за мерење на рејтинзите на порталите се сметаат американскиот Alexa.com и американско-израелскиот систем Similarweb.com.
Ова се резултатите според јавно достапнитe мерења на Similarweb.com за десктоп читаност, рејтинзи на најдобрите петнаесет македонски информативни портали во АПРИЛ 2021 година.
Најважен фактор е вкупната читаност на објави, новинарски текстови и информации во месецот, а избрани се 15 кои имаат најмалку 500.000 прочитани текстови во април годинава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата