logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Фајзер објави КОЛКУ ДОЛГО СЕ ЗАШТИТЕНИ ПО ПРИЕМ НА ВАКЦИНАТА

Vecer | 01.04.2021

ОФИЦИЈАЛНО: Фајзер објави КОЛКУ ДОЛГО СЕ ЗАШТИТЕНИ ПО ПРИЕМ НА ВАКЦИНАТА

По долго о истражување Фајзер ги објави ажурираните клинички студии во кои учествуваа 44.000 волонтери.

Фармацевтската компанија објави дека нивната вакцина против Ковид-19 штити до шест месеци од моментот на имунизација.

Ова се, меѓу другото, податоците што американската компанија Фајзер изедно и германскиот партнер Бајонтек ги објавија во изјавите за ажурирана клиничка студија.

Тие тврдат дека нивната вакцина во 91 отсто од случаите е ефикасна против симптоматските болести и дека ефектот е уште поголем во спречувањето на тешко заболување од Ковид 19.

Осврнувајќи се на ажурирани информации од истражувањето, компаниите потенцира дека нивната вакцина е 100 проценти ефикасна во спречувањето на корона инфекции меѓу учесниците во студијата во Јужна Африка, каде што доминира нов сој вирусот - B1351 иако бројот на учесници во тамошното истражување бил релативно мал - 800 волонтери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk