logo
logo
logo

Знамињата во НАТО на половина копје поради земјотресот во Турција

Vecer | 07.02.2023

Знамињата во НАТО на половина копје поради земјотресот во Турција

Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел до утре вечер ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на солидарност со Турција и турскиот народ.

Постојаното турско претставништво во НАТО соопшти дека им се заблагодарува на сојузниците за помошта што во понеделник почнаа да ја испраќаат во Турција.

Повеќе од 1.400 припадници на персонал за одговор при итни случаи од повеќе од дваесет сојузници и партнери на НАТО – вклучително и поканетите Финска и Шведска – се распоредуваат во Турција, помагајќи да се одговори на разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари. Повеќе од 53.000 турски спасувачи кои први пристигнаа во моментов се на терен, соопшти Алијансата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk