logo
logo
logo

Жената ја убил на паркинг, па упаднал во фирмата и продолжил да пука- ужас во Швајцарија

Vecer | 11.12.2023

Жената ја убил на паркинг, па упаднал во фирмата и продолжил да пука- ужас во Швајцарија

Според локалните медиуми, пукањето се случило во компанија која се занимавала со бојадисување и малтерисување, при што загинале маж и жена, додека една жена е тешко повредена. За нападот е осомничен Себастијан Робин (36), а потрагата по него е во тек.

Како што информираат од полицијата, Робин е осомничен дека убил жена на паркингот, а потоа влетал во компанијата и убил маж и ранил жена.

Според првите податоци од истрагата, Робин ги познавал своите жртви.

Се верува дека осомничениот побегнал со своето сиво Пежо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk