logo
logo
logo

Зетот на Трамп го откри планот за обнова на Газа: Направивме нешто неможно, целта ни е мир

Vecer | 22.01.2026

Зетот на Трамп го откри планот за обнова на Газа: Направивме нешто неможно, целта ни е мир

„Нова Газа може да биде надеж и дестинација. Денес направивме некои невозможни работи во Газа и нема причина зошто да не правиме уште повеќе невозможни работи“, рече Кушнер, пренесува CNN.

Тој одржа презентација на Светскиот економски форум во Давос во која го изложи потенцијалниот облик на палестинската енклава.

 Тој нагласи дека „мирот е различен вид договор од бизнис договор“ и дека администрацијата на Трамп „нема План Б“ надвор од договорениот повеќестепен процес за завршување на војната и „трансформација на енклавата“.

Кушнер ги повика присутните да „ги остават настрана скептицизмот и соперништвата“ со учеството во „Мировниот комитет“.

„Да направиме сè што можеме за да се обидеме да работиме заедно. Нашата цел тука е мир меѓу Израел и палестинскиот народ“, рече Кушнер.

Тој нагласи дека голем дел од планот зависи од демилитаризацијата на Хамас, ветувајќи дека САД ќе го „спроведат“ тој дел од договорот за прекин на огнот.

„Ако Хамас не се демилитаризира, тоа е она што ќе ги спречи Газа и народот на Газа да ги остварат своите аспирации“, рече Кушнер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk