logo
logo
logo

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Vecer | 29.03.2025

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.

Мјанмар вчера беше погоден од голем земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во близина на градот Мандалај, на длабочина од околу 20 километри. Големиот земјотрес беше почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна уследи втор земјотрес со интензитет од 6,4 степени.

Земјотресот урна и зграда во градба во главниот град Тајланд, при што загинаа шест луѓе, а 50 лица сè уште се под урнатините на зградата, додека околу сто луѓе се водат како исчезнати.

Претходно, државните медиуми во Мјанмар јавија дека бројот на загинати се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати.

- Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата.

Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг прогласи вонредна состојба и нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.

Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Мјанмар, додека Русија, Индија, Малезија и Сингапур испратија авиони со хуманитарна помош и спасувачки екипи во Мјанмар, земја разурната од граѓанската војна по воениот удар во 2021 година, кога е соборена избраната цивилна влада.

Јужна Кореја најави дека ќе обезбеди почетна хуманитарна помош од два милиони долари за Мјанмар преку меѓународни организации.

Блокот на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН денеска соопшти дека ја препознава итната потреба од хуманитарна помош за Мјанмар по големиот земјотрес и е подготвен да ги поддржи напорите за закрепнување.

И САД, покрај тензични односи со хунтата во Мјанмар најавија дека ќе пружат одредена помош. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk