Драматичните снимки од работници како бегаат од буквално срамнетиот со земја облакодер, од под чии бетонски блокови се трага по најмалку 90 затрупани лица, само ги зголеми стравувањата колкава е катастрофата во епицентарот на потресот Мјанмар, од каде засега доаѓаат штури информации.
Земјотресот од 7,7 рихерови степени и на длабочина од 10 километри ја погоди азиската земја во 13 часот и 20 минути по локално време, а ургентниот апел на Воената хунта во меѓународно самоизолираниот Мјанмар за итна помош зборува за состојбата во која се наоѓа сиромашната азиска земја. Прогласена е вонредна состојба во шест региони. Најпогоден е вториот по големина град Мандалеј, каде се гледаат урнати и мостови и згради во пламен, непроодни патишта.
Странските агенции, како што пренесе BBC, проценуваат за стотици загинати, но нема никаква потврда, исто како и за бројот на жртви во Тајланд, каде владее вистинска паника. Ова е глетката од базен на врвот од повеќекатница во Бангкок, од каде со часови се излеваше вода од зградата.
-На почетокот се движев и одев мирно, но потоа зградата навистина почна да се ниша... Имаше многу врескање, многу паника, луѓе трчаа на погрешен пат по ескалаторите. Се слушаа тресоци и метеж во трговскиот центар. , изјави турист во Бангкок.
#SonDakika l Myanmar'da yaşanan 7.7 büyüklüğündeki depremde lüks bir yapının tepesindeki havuzlarda bulunan su kütleleri binadan aşağı döküldü. #Earthquake pic.twitter.com/54g66NHEpK
— Asimetri Haber (@asimetrihaber) March 28, 2025
-Истрчав на улица и погледнав кон една зграда колку онаа онаму. Навистина се нишаше, а целата вода се истураше од самиот врв.. , изјави турист во Бангкок.
„Хјуман рајтс воч“ и Амнести интернешнал ги повикаа властите во Мјанмар да дозволи непречен пристап хуманитарна помош поради историјата на блокирање донации по природните катастрофи.
Меѓународните организации стравуваат дека размерите на катастрофата може долго време да останат непознати, со оглед дека режимот забрани многу медиуми, го ограничи пристапот на интернет и ги блокираше социјалните мрежи, по доаѓањето на власт на воената хунта пред четири години со државен удар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата