logo
logo
logo

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Камчатка

Vecer | 15.08.2025

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Камчатка

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

На 30 јули, Камчатка беше погодена од земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер, еден од најсилните во историјата, според податоците на Американскиот геолошки завод, кој го рангираше како шести најсилен земјотрес досега. Од тогаш, регионот забележа стотици последователни потреси.

Земјотресот од јули предизвика цунами што го поплави пристанишниот град Северо-Курилск, во кој живеат околу 2.000 жители. Веднаш потоа беше издадено предупредување за опасност од цунами во регионот на Тихиот Океан, вклучувајќи ги Јапонија, Еквадор, Хаваи и западниот брег на Северна Америка.

Вулканот Крашениников на Камчатка се активираше на 3 август, првпат по повеќе од 500 години, а експертите сметаат дека ова може да е поврзано со силниот земјотрес од јули. Според геолозите, ваквите сеизмички активности можат да предизвикаат долгорочни геолошки промени во регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk