logo
logo
logo

Зеленски жали за пропуштената можност за мир

Vecer | 16.05.2025

Зеленски жали за пропуштената можност за мир

- Оваа недела, имавме реална шанса да се придвижиме кон завршување на војната – само (рускиот претседател Владимир) Путин да не се плашеше да дојде во Турција, објави Зеленски на X од маргините на самитот на европските шефови на држави и влади во Албанија.

Зеленски рече дека бил „подготвен за директна средба со него за да ги реши сите клучни прашања“, но „тој не се согласи на ништо“, пренесе ДПА.

Зеленски јавно го повика Путин минатиот викенд да се сретне со него лично во Истанбул. Путин не одговори и наместо тоа на разговорите во Турција испрати делегација со понизок ранг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk