logo
logo
logo

Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина

Vecer | 14.03.2025

Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина

Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Јумакли и со нив разговараше за билатералните односи, соработката во производството на беспилотни летала, како и за учеството на турски компании во обновата на Украина.

-Важно е турските компании да се поприсутни во Украина. Нашата земја го цени тоа, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар, рече Зеленски.

Тој посочи дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија со Анкара за време на претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Украина.

Зеленски не прецизираше кога ќе биде посетата.

По средбата, министерот Болат напиша дека на средбата со Зеленски присуствувале претставници на повеќе од 20 турски градежни компании, како и претставници на украинскиот државен и приватниот сектор кои ќе бидат вклучени во реконструкцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk