Тоа е втора посета на Зеленски на Саудиска Арабија во изминатите два месеца. Тој по минатомесечната посета истакна дека Украина и Саудиска Арабија „постигнале важен договор“ за противвоздушната одбрана.
Зеленски работи на зајакнување на врските со неколку држави од Персиски Залив. Тој склучи договори за одбрана, вклучително и еден со Ријад, за споделување на експертизата на Киев за соборување на дронови. Украина тврди дека нејзината одбрана против дронови е најдобра во светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата