logo
logo
logo

Зеленски во писмо до Трамп предлага Украина и САД да склучат договор за слободна трговија

Vecer | 20.05.2025

Зеленски во писмо до Трамп предлага Украина и САД да склучат  договор за слободна трговија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предлага Украина да склучи договор за слободна трговија со САД, а оваа своја иницијатива ја  презентираше во писмото до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое ги изнесува новите можности за соработка во одбранбената индустрија и трговијата.

Веста за Интерфакс-Украина ја потврди Тарас Качка, украински заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина.

Качка истакна дека Украина е сериозно заинтересирана за договорот, иако САД во моментов не се нејзин најголем трговски партнер.

„Заинтересирани сме за договори за слободна трговија со сите земји од Г7. Веќе имаме договори со Обединетото Кралство, Канада и Европската Унија. Уште ни се потребни САД и Јапонија“, рече Качка.

Според него, сè повеќе производители ги прилагодуваат своите стратегии за продажба на пазарите кои се најразвиени и најбогати, каде што стандардите за квалитет се повисоки, а тоа носи поголема додадена вредност и поголема профитабилност.

„Од таа перспектива, важно е да се фокусираме на можноста за извоз во САД и, соодветно на тоа, да склучиме договор за слободна трговија“, додаде тој.

Качка верува дека основата за евентуален договор е формирањето на украинско-американски инвестициски фонд за обнова.

„Токму затоа мислам дека би можело да биде интересно и за САД. Но, нема потреба да брзаме - сè уште сме на самиот почеток од тој процес“, заклучи тој.

Украинскиот парламент неодамна го ратификуваше договорот за основање заеднички инвестициски фонд меѓу Украина и САД./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk