logo
logo
logo

Зеленски: Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Vecer | 04.11.2025

Зеленски: Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Киев ја проширува домашната одбранбена индустрија со помош на западните партнери, додека четврта година се брани од руската агресија.

Зеленски најави дека Украина ќе може да извезува поморски беспилотни летала и артилериски системи.

- Станува збор за заедничко производство и извоз на оружје што можеме да си го дозволиме да го продадеме, за да имаме повеќе пари за нашето внатрешно производство на дефицитарно оружје, што не можеме да си го дозволиме, посочи Зеленски.

Украина сè уште зависи од своите сојузници за оружје како што се борбени авиони и системи за воздушна одбрана, но постигна напредок во развојот на беспилотни летала и ракети.

Зеленски посочи дека Украина планира до крајот на годината да почне со масовно производство на ракетите Фламинго и Рута.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk