logo
logo
logo

Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Европа во справувањето со дроновите

Vecer | 02.10.2025

Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Европа во справувањето со дроновите

Денес кога Европа се соочува со напади со дронови, Украина, која има релевантно големо, а можеби и најголемо искуство во справувањето со нив, нема да стои настрана и секако ќе им пружи поддршка на своите вистински пријатели, како што е Данска, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген.    

Зеленски и се заблагодари на Данска за, како што рече, неизмерната поддршка за Украина и особено за синоќешното симболично осветлување на повеќе згради, споменици и мостови во Копенхаген во боите на украинското знаме. 

- Тоа навистина кажува многу. Ви благодарам за тоа. Вие сте со нас од самиот почеток на руската агресија, рече Зеленски, додавајќи дека на денешниот состанок ќе се разговара за „многу работи“.

Во одговор на прашање за поддршката на Американската администрација за Украина, Зеленски изрази благодарност до претседателот на САД, Доналд Трамп за неговите напори, додавајќи дека при нивната последна средба имале „многу добар и продуктивен дијалог“ и разговарале за „ракетите и оружјето со голем дострел“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk