logo
logo
logo

Зеленски со критики до Обединетите нации и Црвениот крст: Шокиран сум

Vecer | 07.06.2023

Зеленски со критики до Обединетите нации и Црвениот крст: Шокиран сум

„Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука. Не добивме одговор. Шокиран сум“, изјави Зеленски за германските весници Билд, Ди Велт и Политико. Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош.

„Руските окупатори не се ни обидуваат да им помогнат на тие луѓе, ги оставија да умрат. Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од регионот Херсон под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“, рече Шмихал.

Зеленски во интервјуто рече дека руските војници пукале од далечина додека биле во тек спасувачките напори. „Штом нашите луѓе се обидат да ги спасат, пукаат врз нив“, рече украинскиот претседател, кој со својот француски колега Емануел Макрон разговараше за еколошката и хуманитарната ситуација во регионот Херсон.

„Ги наведов општите потреби на Украина во справувањето со катастрофата. И разговаравме за можноста за вклучување меѓународни механизми за истрага на нејзините причини. И разговарав за можноста МААЕ (Нуклеарната агенција на ОН) и шефот Рафаел Гроси да ја зајакнат контролата врз нуклеарната централа Запорожје, изјави Зеленски. МААЕ објави дека базенот за ладење на реакторот во централата е полн и има снабдување со вода за неколку месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk