logo
logo
logo

Зеленски: Сеќавањето на Холокаустот сè повеќе бледее

Vecer | 27.01.2025

Зеленски: Сеќавањето на Холокаустот сè повеќе бледее

„Тоа беше смислен обид на нацистите да избришат еден цел народ, да ги убијат сите негови припадници, да уништат сè што нè потсетува на Евреите. Шест милиони жртви. Злосторството на Холокаустот никогаш не смее да се повтори, но за жал, сеќавањето на Холокаустот постепено бледее, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи и понатаму постои во светот“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека рамнодушноста е „ѓубриво за злото“ и дека е неопходно да се „надмине омразата која раѓа насилство и убиства“.

- Мораме да ја спречиме амнезијата. И ова е задача на сите – да направиме сè за злото да не победи, истакна претседателот на Украина.

Ден претходно, Зеленски заедно со рабини, претставници на дипломатскиот кор и државни функционери, оддаде почит на милионите убиени во холокаустот.

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, прогласен од Генералното собрание на ОН на 1 ноември 2005 година, се одбележува секоја година на 27 јануари, денот кога советските сили го ослободија еден од најголемите нацистички логори на смртта, Аушвиц-Биркенау. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk